За побезбеден пат во вселената Блу Ориџин наскоро ќе тестира капсула за астронаути и туристи

Од:

Компанијата Блу Ориџин во октомври ќе изведе тест на новите карактеристики на ракетата Њу Шепард (New Shepard) која наскоро во Земјината орбита може да прати први туристи.

И додека компанијата вредно работи на усовршување на повторно употребливите ракети, слично како и компанијата Space X, Блу Ориџин во почетокот на октомври ќе изведе тестирање на системот за одвојување на капсула во која ќе бидат вселенски туристи и астронаути.

Системот подразбира одвојување на капсулата од остатокот од ракетата во случај на детектирање на проблем. Капсулата која овој пат ќе биде празна ќе се одвои од Њу Шепард на висина од околу 5.000 метри, а потоа ќе се спушти на Земјата со помош на три падобранци.

Самата ракета, од друга страна, не е дизајнирана да преживее одвојување од капсула во случај на детектирање на проблем, така да шансите за „преживување” на системот на погонот се сведени на минимум.

Тестот за разлика од претходните летови ќе се следи во живо преку интернет, но компанијата засега не го објавува точниот датум на настанот.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ