Поранешен албански министер за труд доби 18 месеци затвор

Од:

Основниот суд во Тирана денеска на Спиро Ксера, поранешен министер за труд, социјални прашања и еднакви можности во Кабинетот на Сали Бериша, му изрече затворска казна во траење од една година и шест месеци.

Како што јави дописникот на МИА, тој доби и забрана за вршење раководна функција во државната администрација во период од пет години.

Заедно со други носители на раководни функции во Министертвото со кое раководеше, Ксера се товареа за злоупотреба на службената положба за незаконско присвојување на средства од програмите наменети за помош на припадниците на ромската етничка заедница и за нивна интеграција во општеството.

Тие беа обвинети за проневера на средства во износ од 216.000 евра од Фондот наменет за социјални програми.

Ксера(48), кој ја напушти министерската функција во 2013 година, беше уапсен во јануари годинава.

Според судската одлука, десет месечна затворска казна доби Артевис Мене, додека условно се казнети Елда Козај и Елисавета Прегбибај,, сите раководители во Министертвото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја