Дизајнерското студио „Амод-Плумб Архитектс“ проектираше монтажна куќа од рециклирани материјали, која плени со својот модерен изглед, опуштеност и гостопримливост.
Куќата, изградена во американската сојузна држаба Тексас, се базира на природното осветлување и цврсто е поврзана со своето опкружување, што придноесува за нејзината енергетска ефикасност.
Во куќата доминираат црно-бели тонови збогатени со пороткалова, црвена, сива и светло кафена боја.
Автентичниот изглед на просторот е нагласен со дрвени паравани со кои е поделена внатрешноста на куќата и со кои се формирани одделните соби.
Во ентериерот е забележлива доза на минимализам, иако во дневната соба доминираат гломазна софа и две фотелји изработени од кожа, кои се поставени пред камин изграден од цврста камена структура.
Куќата се карактеризира со едноставност, без вишок на декоративни елементи и детали, што им овозможува на нејзините станари да уживаат во сржта и суштината на животот.