Продолжен рокот за апликации за старт-ап бизнис во општина Струмица

Од:

Одделението за локален економски развој на општина Струмица го продолжи рокот за поднесување апликации за пет дена како дел од проектот „Поддршка на Старт ап бизниси за млади“. На конкурсот што заврши вчера поднесени биле 78 непотполни, а само две потполни апликации. Затоа, надлежните одлучиле да го продолжат рокот за да може апликантите, младите невработени лица од 18 до 35 години, да ги комплетираат документите.

– Суштината на овој проект е иницијација и охрабрување на младите невработени лица да бараат алтернативи за самовработување. Целта е нивните бизнис идеи понатаму да бидат развиени во бизнис планови, за дел од нив како најуспешни во проектот да бидат поддржани со награден фонд во вкупна вредност од 1.540.000 денари заради започнување сопствен бизнис, рече на денешната прес конференција Тони Милушев, од ЛЕР Струмица.

Во рамки на проектните активности, одбран е економски оператор кој, како што објаснуваат од ЛЕР, располага со соодветна експертиза за спроведување и реализација на едукативни обуки за млади, вклучувајќи и развој на бизнис и менаџерски вештини, маркетинг планирање, маркетин комуникации и е-маркетинг, продажни техники, како и финансиски и правни аспекти на работењето на мали и средни претпријатија.

Обуките со 20 кандидати кои ќе го поминат првиот филтер ќе се спроведуваат во рамките на Центарот за иновации, И-лаб. Мк ….тоа е лабараторија за иновации создадена под покровителство на Централна Европа, Иницијатива преку КЕП Австрија, програма за 2014-2015 година.

– Што се однесува на самиот тек на градењето на капцитетите на кандидатите, кандидатите на крајот ќе можат нивните веќе развиени бизнис планови на јавноста да ги презентираат преку видео записи кои ќе бидат видливи на посебениот линк кој ке ги опфаќа и ажурира сите тековни активности на проектот. Тој линк ќе биде составен дел на општинскиот веб сајт. Тоа занчи дека истите граѓаните ќе може да ги гласаат за да му обезбедат место на првиот во осумте најдобри бизнис планови кои комисијата ќе ги потврди како најкреативни и најуспешни, појасни Милушев.
Оваа активност се спроведува како дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“ и стратешките документи кои се донесени во него, откако во октомври-ноември 2015 граѓаните преку Форумите на заедниците одлучиле приоритетна реализација на подршката на страт-ап за млади.

Вредноста на проектот е во висина од 2.400.000 денари и тоа по 1.200,000 денари придонес од Буџетот на општината за 2016 год и 1.200.000 денари финансиски средства како грант од ФООМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри