Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска порача дека ќе се заложи да бидат обесштетени сите сточари кои претрпеа штети од болеста „јазлеста кожа“.
– Ќе инсистирам да бидат обесштетени сите сточари, соодветно и без селекција. Досега се исплатени мал број и сумата воопшто не е соодветна. Се пресметува штета само по угинато говедо, а не загубите што ги имаат на млеко и месо, укажа Николовски.
Тој уште еднаш ја овини власта за, како што рече, ненавремено реагирање поради што болеста се проширила на повеќе жаришта.
– Штетите се илјадници угинати говеда. Се крие точната бројка. Власта цели пет месеци доцни и со надоместокот на штетите. Доведена е во прашање елементарната егзистениција на сточари, рече Николовски.