Европскиот Парламент денеска го поддржи предлогот на Велика Британија и на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за именување на Џулијан Кинг за иден британски еврокомесар за безбедност.
Вчера Кинг доби позитивна оценка на испитувањето пред Комисијата на ЕП за граѓански слободи, судство и внатрешни работи.
ЕП тајно ја изгласа кандидатурата на Кинг со 394 гласа, против се изјаснија 161, а воздржани беа 83 европратеници. За да ја преземе функцијата, Кинг треба да ја добие поддршката и од Советот на ЕУ.
Џулијан Кинг беше предложен за еврокомесар од Лондон, откако досегашниот британски комесар Џонатан Хил поднесе оставка поради резултатот од референдумот за излез на Британија од ЕУ.