Кина ќе ја лансира својата втора „вселенска лабораторија“ во орбитата

Од:

Кина планира лансирање на својата втора експериментална космичка лабораторија „Тјангун-2″, в четврток, и уште една пилотна мисија следниот месец, во рамките на долгорочниот план за поставување своја постојана вселенска станица во орбитата до 2022 година.

Во пилотната мисија од 2013, тројца кинески астронаути поминаа 15 дена во орбитата, откако слетаа на експерименталната космичка лабораторија наречена „Тјангун-1″.

Вселенскиот брод „Шангжоу 11″, којшто ќе биде пилотиран од двајца астронаути и треба да слета на „Тјангун-2″, ќе биде лансиран во октомври годинава, соопшти портпаролката на мисијата насловена „У Пин“. Астронаутите ќе останат на „Тјангун-2″ околу еден месец.

Се очекува, Кина со ова да ја зацврсти својата положба како вселенска сила, смета кинескиот претседател Си Џинпинг, кој нагласи дека мисијата има мировен карактер.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ