Во Албанија во последната деценија бројот на првачиња се намалил за над 50 отсто

Од:

Во Албанија, во оваа учебна година, бројот на првачињата, споредено со нивниот број пред десет години е помал за над 50 отсто.

Овој загрижувачки феномен го потврдуваат податоците од Министерството за образование, додека Институтот за статистика како причина за тоа ја наведува емиграцијата и рапидниот пад на наталитет.

– Населенито во Албанија старее со забрзана динамика, а наталитетот опаѓа драстично. Во последната деценија имало шест илјади новороденчиња помалку. Ако во 2005 година имало околу 39 илјади новородени, во 2015 година тој број е околу 33 илјади, пренесува тиранската телевизија Ора њуз, повикувајќи се на официјални податоци на Инситутот за статистика.

Според податоците на Министерството за образование, бројот на првачиња оваа учебна година е помал за над 50 отсто споредено со нивниот број пред десет години. Во 2006 година во ученичка клупа седнале 60 илјади првачиња, додека оваа година тој број е 27 илјади.

Експертите од Инситутот за статистика како причини за оваа загрижувачка статистика ги посочуваат емиграцијата, планирањето на семејството и подоцнежното стапување во брак.

Пред десет години просечната старост на наслението во Албанија била 31,6 години, а моментно овој статистички податок се зголеми на 37,2 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја