Наков: Ќе ја промениме лошата состојба во Свети Николе

Од:

Нека ни е честит денешниот празник, 14 септември ден кога е ослободен нашиот град од фашистичката окупација. Стоиме пред споменикот на паднатите борци кои својот живот го дале во борбата против фашизмот, рече Зоран Наков, претседател на ОО Свети Николе-СДСМ.

Никогаш не смееме да го заборавиме делото на овие борци, уште повеќе имаме обврска да го пренесеме на идните поколенија.

За разлика од нас владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги велича личностите од минатото кој соработувале со фашистички организации и држави, уште полошо што во 21 век на тие им гради споменици трошејки народни пари.

Власта заборави на потребите на граѓаните од Св. Николе, ветените инвестиции како што беа инвестицијата на Субрата Рој, изградбата на печуркара кај Амзабегово, изградба на фабрика за селектирање на отпад и изградба на индустриска зона „Мавровица“ и промашените инвестиции како што е Земјоделскиот Факултет кај Пеширово кој две години не работи, како што е фонтаната пред нас која сеуште не проработи и е во фаза на распаѓање, како што е урнатиот мост на Мавровица.
Од тие причини Св. Николе се претвори во општина без перспектива што доведе до масовна миграција на младите од Св. Николе.

Почитувани, наша обврска е, да ја промениме состојбата во Св. Николе , заедно да застанеме против криминалната власт, заедно да се избориме за слобода и демократија, заедно да создадеме услови за подобра и сигурна иднина на младите.

Крајот на оваа власт се гледа, СДСМ ве повикува заедно да се избориме за заслужената слобода, мирот и спокојството на секој граѓанин.

По 11 декември ќе се врати слободата и демократијата.

Нека ни е вечен и срекен празникот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!