Во светот на модерното осветлување „Aqua Creations“ студиото со седиште во Тел Авив веќе со години е синоним за прекрасен спој на квалитет, естетка и ѕидна уметност, а за тоа најмногу сведочи колекцијата „Мино“, која ја покажува новата перспектива и став кон внатрешното осветлување.
Модерното осветлување на ова студио се изработува рачно, а секое парче од колекцијата на лампи „Мино“ се прави поединечно со користење на најнова технологија светлина, но и високо квалитетна природна свила со махагони и детали од даб.
Разновидните бои и големини овозможуваат разни комбинации и композиции на осветлување, а секое парче дава подеднакво светлина независно од величината.
Убавината и уникатноста на свилените лампи „Мино“ никого не оставаат рамодушен.