Текстилните работнички ја поздравуваат мерката на СДСМ за зголемување на минималната плата

Од:

На заедничка иницијатива, денеска сме со Мила Царовска да поразговараме околу одлуката за покачувања на минималната плата и за израмнување на минималната плата во текстилно-кожарската индустрија со останатите плати, вели претставничка на Здружението за текстилни и кожарски работници
Штип.

Значи досега платата во текстиланата и кожарската индустрија изнесуваше 9000 денари, додека останатите плати изнесуваат 10 800 денари.

Како здружение би го поздравиле тој закон, само доколку членот два од Законот за минималната плата кој гласи: „Исполнет нормиран учинок“ кој досега беше вклучен во исплата на минималната плата биде отстранет, со тоа да нема манипулација и да бидат исплаќани плати под минималната плата. Исто како здружение на текстилни и кожарски работници, би им укажале на проблемите во текстилната и кожарската индустрија во врска со потребата од синдикати кои ќе се грижат за правата на работниците, лошите услови и злоупотребите од прекувремената работа.

Досега во конфекцијата има синдикати кои земаат членарина, а не водат сметка за работниците. Тоа го покажа истражувањето од терен. Има синдикати во конфекции во Свети Николе, има и во Штип, не би навлегувала во имиња на компании, но сепак има. Синдикатите земаат членарина а работниците се во услови по секое човечко достоинство, што со лоши услови, што со исплата под минимална плата и ред други работи. Го знаеме горливото прашање на текстилните и кожарските работници во Штип и во цела источна Македонија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба