Во Штип и Пробиштип без проблеми се инсталираат новите дигитални водомери

Од:

Штип и Пробиштип ги користат гранд средствата од Европската банка за обнова и развој наменети за реалиација на инсфратруктурни проекти во општините за поставување на нови дигитални водомери.

Градоначалникот на oпштина Пробиштип Тони Тоневски денеска изјави дека  комуналното претпријатие веќе има заменето 3.000 водомери.

– Во завршна фаза сме со поставувањето на новите водомери со далечинско читање. Тоа е проект кој што има вредност од околу 500.000 евра, вели Тоневси.

Во општина Штип досега се заменети 4.200 водомери од вкупно 11. 500. Директорот на ЈП „Исар–Штип Ангел Бојаџиев истакна дека  за замената на старите со нови дигитални водомери ќе бидат искористени 1, 5 милиони евра.

– Ова е голем проект, затоа што ние веќе за 4.000 водокорисници податоците ги добиваме за неполни два часа, овде во нашата база, а исто така знаеме доколку некој водокорисник има проблем со истекување, со казанче, заборавена чешма, благовремено по телефон го известуваме, бидејќи ги имаме податоците и го информираме дека ќе плати голема сметка, затоа што има проблем, рече Бојаџиев.
Тој истакна дека заменети се водомерите на домаќинствата во населбите „Ново село“, „Три чешми“, „Пребег“, улиците во централното градско подрачје и во моментов екипите работат во населбата „Железничка“. Бојаџиев вели дека со поставувањето на новите водомери откриени се и 13 манипулации, односно обиди за вртење на водомерите, а кои се откриваат преку компјутерскиот систем. Екипите на штипското комунално претпријатие веднаш реагираат и водомерите се враќаат во првобитната состојба.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“