Готовина прогласен за почесен граѓанин на Сплит

Од:

Хрватскиот генерал Анте Готовина, кој беше ослободен минатата седмица од Хашкиот трибунал по обвиненија за воени злосторства за време на операцијата „Бура“, од денеска е почесен граѓанин на Сплит, објави весникот „Слободна Далмација“.

Првата точка на дневен ред на денешната седница на градскиот совет, на која присуствуваше и градоначалникот на Сплит Жељко Керум, беше прогласувањето на генералот Готовина за почесен граѓанин на Сплит, пишува весникот.

Одлуката беше изгласана едногласно и без разгледување, по иницијатива на градоначалникот Керум.

Не е познато кога Готовина ќе го добие документот за одликувањето. И пред 11 години градскиот совет на Сплит донесе одлука да го прогласи Готовина за свој почесен граѓанин, додава „Слободна Далмација“.

 

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата