Јапонија уште еднаш докажа дека е напредна земја. Најновата иновација која е вредна за пофалба се весниците направени од рециклирана хартија која содржи семки за билки, кои по читањето можете да ги посадите.
При правењето на материјалот на кој се печатат весниците, фабриката за хартија во целулозната маса вметнува семки кои стануваат составен дел од хартијата.
Дури и мастилото кое се користи е добиено на еколошки начин бидејќи е создадено од зеленчук.
Секој примерок од весниците, откако ќе се прочита, пожелно е да се засади.
Доволно е да се исецка на парчиња и да се засади во земја, да се навади како другите билки, и по неколку недели од земјата ќе порасне цвеќе.
Еколошките весници постигнаа голем успех, со продаваат во голем тираж и имаат приход од над 600.000 евра.