Герила акција за Иванов и Канческа – Милевска на отворањето на „Браќа Манаки“

Од:

Активистите на „Битолското движење“ синоќа со нова герила акција ги пречекаа претседателот на државата Ѓорге Иванов и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на црвениот килим на отворањето на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, јавува Мета.

Герилата акцијата беше изведена во моментот кога Иванов заедно со министерката чекореа по црвениот килим, а активистите на Битолсото движење извадија три транспаренти.

На транспарентот за Иванов пишуваше „Хорхе = банално зло“, на вториот кој и беше наменет на министерката за култура стоеше „Веома врло културно“, а на третиот со порака за двајцата беше напишано „Маските долу“.

Активистите им довикуваа на Иванов за да му го привлечат вниманието и да ги прочита пораките наменети за него и за министерката за култура.

Претседателот помина на црвениот килим, се фотографраше, но влезе на гала претставата без да даде изјава.

Би можело да ве интересира

Во Битола се оддржа герила акција „И воздухот во Битола подлегна под корупција!“

А1он

Герила акција „Заробена држава – никогаш повеќе“ изложена на улица „Македонија“

Ана Ололовска

Се крадат велосипеди, полицијата спие

Ана Ололовска

Герила акција во Центар: Дури две третини од младата популација е неписмена

Ана Ололовска

Герила акција: Огромна пастрмка во Скопје

Ана Ололовска

Герила акција за криминалната и „непатриотска“ борба за Македонија

Ана Ололовска