Јувентус со максимален ефект по три одиграни натпревари во Серија А

Од:

На првиот натпревар од третото коло во италијанската Серија А, шампионот Јувентус вечерва на свој терен го победи Сасуоло со 3:1.

За „Старата дама“ ова беше максимална трета победа од стартот на новата сезона, додека Сасуоло го запиша вториот пораз.

Вечерва од 20:45 часот почнува натпреварот Палермо – Наполи.

Утре на програмата се седум дуели од оваа рунда. Двојките се:

Болоња – Каљари,
Аталанта – Торино,
Киево – Лацио,
Џенова – Фиорентина,
Милан – Удинезе,
Рома – Сампдорија и
Пескара – Интер.

Колот ќе се комплетира в понеделник со средбата Емполи – Кротоне.
Табела: Јувентус 9 бодови, Џенова 6, Сампдорија 6, Рома 4, Пескара 4, Наполи 4,…

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ