Додик до амбасадорите: РС не се откажува од референдумот

Од:

Република Српска не се откажува од референдумот, изјави денеска претседателот на РС, Милорад Додик по состанокот со амбасадори и шефот на Канцеларијата на Амбасадата на САД во Бањалука.

Додик разговаше со амбасадорите на Франција, Италија, Британија и заменикот шеф на делегацијата на ЕУ во БиХ.

Амбасадорите изнеле барање за одлагање на референдумот, на што добиле јасен одговор од Додик дека нема одложување и оти референдумот ќе се одржи, јавуваат српски медиуми.

– РС не се откажува од референдумот за Денот на Република Српска што ќе биде одржан на 25 септември, нагласи Додик и ги повика граѓаните да излезат на гласање.

Со речиси ист состав на амбасадори, неодамна средба имаше и членот на Претседателството на БиХ од редовите на бошњаците, Бакир Изетбеговиќ. По состанокот, тој изјави дека од амбасадорите добил уверување дека референдумот во РС „никогаш и никого нема да подели во БиХ“.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он