Остатоците од урнатиот авион се подигаат и пренесуваат за натамошно вештачење

Од:

„Во текот на вчерашниот ден заврши снимањето со дрон на местото каде се случи авионската несреќа во близина на с. Кожле,  скопско. Во вечерните часови се изготвени  снимките и предадени на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје. Снимките во корелација со останатиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на Јавните обвинители и стручните лица од формираниот тим за истрага на авионската несреќа.

Во тек на вчерашниот ден во Институтот за судска медицина  се пренесени телата на шестмината починати патници од авионот. По наредба на Јавен обвинител ќе биде спроведена постапка на нивна идентификација преку ДНА анализи.

Денеска на местото на настанот екипите работат на подигање и пренесување на остатоците од авионот кои вчера во текот на увидот беа означени и обезбедени. Остатоците и другиот материјал ќе бидат пренесени на локација обезбедена од Основното јавно обвинителство Скопје, каде стручни лица ќе извршат неопходно вештачење.

Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигањето и пренесување на материјалот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден“, се вели во соопштението на Јавно обвинителство на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Институтот за белодробни заболувања „Козле“ во Скопје станува Универзитетска клиника

Предраг Петровиќ

Обвинителството поведе постапка против скопјанец за сообраќајката во која загина 14-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Повреден маж при пукање пред ресторан во Козле

При претрес на дом во Козле пронајдени дрога и оружје

А1он

(ВИДЕО) Богоев за ДУП-от во Козле: Да не прејудицираме за одлуката, советниците се разумни

Искра Манојлоска

Затворен Заводот за рехабилитација Козле, заразени 8 медицински лица и двајца пациенти

Маја Илиевска-Пачемска