Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ најави тужба за изведувачот на зградата спроти МНР и ќе бараат оштета за направена штета. Од таму велат дека ископот за зградата се наполнил со фекалии бидејќи компанијата која гради направила несоодветно поместување на фекалниот колектор.
Дополнително, градежен инспектор од општина Центар ќе излезе на терен за да утврди што се случува и кои мерки треба да се преземат, а не е исклучено и да се стопира градбата.
Вчера А1он објави фотографии на поплавениот ископ поради оштетување на цевка од фекалната канализација, при што инвеститорот вршеше испумпување на создаденото езеро во ископот дирекно на кејот на Вардар.
Поради ова, вчера цел ден беше блокиран сообраќајот кај МНР, поради што се создаде сообраќаен хаос.
Александар Тодески