Компанијата “Самсунг” планира следната година да направи вистинска мала револуција меѓу паметните телефони. Всушност, нивниот план е да лансираат производи со флексибилен дисплеј кои можат да се свиткуваат, извртуваат, па дури и да се вклопат во паричник!
Иако идејата не е нова, првиот уред од јужно Корејскиот производител ќе пристигне во наредната година.
Иако нема конкретни податоци кој телефон ќе има ваков екран, странските медиуми не ја исклучуваат можноста дека ова ќе биде четвртата генерација на моделот “Галакси S”, кој се очекува на пролет.
Телефонот е флексибилен благодарение на органски ЛЕД диоди (OLED), кои се тенки и може да се распоредат на флексибилен материјал, како што се пластична или метална фолија.
Тие не се единствената компанија која има многу инвестирано во развојот на OLED диоди, бидејќи уште порано свои прототипови лансираа и јапонскиот “Сони” и јужно Корејскиот “LG Display”, но “Самсунг” е прв кој го одреди датумот на излегување на оваа нова технологија на пазарот .