Повторно поплавени дворови, подруми и гаражи во Стајковци

Од:

Жителите на Стајковци се повторно поплавени и на фејсбук групата „Хуманитарна помош за настраданите од поплавите“ бараат помош. Граѓаните велат дека имаат потреба од волонтери кои би помогнале во исцрпувањето на водата од нивните гаражи и дворови, пренесе МЕТА.

Според тоа што е напишано во групата, целосно е поплавена и улицата „6“ која се наоѓа на крајот на селото Стајковци, веднаш до обиколницата.

– Дворот на мојата куќа е повторно поплавен и подрумите почнаа да се полнат. Инаку улица „6“ која се наоѓа веднаш до обиколницата е повторно поплавена, а луѓето се во паника. Подрумите и гаражите им се полнат со вода, сите стравуваат водата не им влезе и во домовите. Бараме помош од волонтери кои ќе ни помогнат во исцрпување на водата – напиша Марјан Алек Стевковски.

Од Центарот за управување со кризи велат дека на нивните телефони никој не пријавил дека е поплавен и дека му треба помош.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он