Данска купува информации од Панамските документи

Од:

Владата во Копенхаген одлучи да купи информациии од Панамските документи за евентуални затајувачи на данок во Данска, изјави денеска министерот за данок Карстен Лаурицен.

– Мораме да ги користиме сите потребни мерки за да ги фатиме затајувачите на данок кои го кријат богатството на пример во Панама со цел да избегнат плаќање на данок во Данска. Не можеме да бидеме сигурни во резултатот, но се укажува дека станува збор за корисни информации, посочи Лаурицен.

Данската Влада на анонимен извор ќе плати повеќе стотина илјади евра за материјал, кој би можел да содржи информации за околу 320 сличаи и од 500 до 600 затајувачи на данок.

– Данските власти веќе добија бесплатен „премиерок“ податоци, соопшти Министерството за данок.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ