Словачка пратеничка се омажи за пакистански бегалец

Од:

Словачката пратеничка Силвија Петрухова минатиот викенд стапила во брак со бегалец кој живее во прифатилиште за бегалци во Берлин и бара азил од  германските власти, јавуваат локалните медиуми.

Петрухова, која во март оваа година беше избрана за член на словачкиот Парламент од партијата Обични луѓе и некои независни кандидати поради  мускулна дистрофија се движи во инвалидска количка.

Својот брачен другар Јасир Шахзад го запознала преку Интернет пред повеќе од една година.

Шахзад бил од Пакистан и во Европа пристигнал пред осум години, каде неколку години студирал во Шведска.

Според нејзините зборови, како што јави дописникот на МИА, таа е загрижена дека нејзиниот сопруг нема да добие азил поради заострените услови на германските власти. Како барател на азил тој не може да ја напушти Германија, но таа често патувала таму.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти