Во рамките на одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември денеска во Струга ќе се одржи „Бела Ноќ“.
По тој повод сите музејски поставки на Музејот „Др. Никола Незлобински“ ќе работат со продолжено работно време, односно до 23 часот, а влезот ќе биде слободен. Во галеријата „Вангел Коџоман“ во организација на Музејот, ќе биде отворена изложбата „СЕК,С“ на Спасе Секулоски, 10 години по неговата смрт.
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ концерт ќе одржи културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга, а настап ќе имаат и членовите на Студиото за танц „БАХ“. Програмата за одбележување 25 години од независноста на Република Македонија ќе биде збогатена со ревија филмови од Столе Попов.
Угостителските објекти во Струга вечер ќе работат со прдолжено работно време.