Објавени имињата на загинатите патници во урнатиот авион кај Кожле

Од:

Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека со приватниот авион, што се урна вчера попладне кај велешко Кожле, управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“. Со него биле и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин,  како и Лука Дале Муле, Ангело Калегари и Иларија Бертио и Висар Бегај од Косово, кои имале и италијанско државјанство.

Како што пишува весникот, настраданите живееле во Треивизо, Падова и Удине. Групата планирала да патува Приштина поради бизнис, како и за активности поврзани со аероклубот „Тревизо“. Тие во Приштина требало да присуствуваат и на инаугурација на тамошен аероклуб.

Урнатиот авионот бил со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.

Исчезнувањето на авионот од радарот вчера попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.

За настанот е информиран Јавен обвинител и Комитетот за истражување авионски несреќи.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

(ВИДЕО) Либија во шок: Началникот на Генералштабот и придружбата загинаа во пад на авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Страшна несреќа во Турција: Се урна авион со високи воени функционери

Горан Наумовски

Авионска несреќа во Турција, меѓу патниците беше и Началникот на либискиот Генералштаб

Познат возач на НАСКАР и неговото семејство загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) „Цесна“ се урна во близина на аеродром во САД, има загинати

Горан Наумовски