Фјури и Кличко во рингот на 29 октомври

Од:

Долго очекуваниот меч за светски шампион во тешка категорија меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Владимир Кличко ќе се одржи на 29 октомври во Манчестер.

Како што пренесуваат британските медиуми, а повикувајќи се на објавата на Питер Фјури, тренер и вујко на актуелниот шампион Тајсон Фјури, кој на својот „твитер“ профил напиша: „Конечно сме тука, наскоро очекувајте објава за мечот Фјури – Кличко. Имаше многу политички глупости, но се е завршено, Манчестер Арената е резервирана за 29 октомври. Боксерите се спремни, адвокатите и промотерите исто“.

Римечот беше одложуван во неколку наврати, а последниот кој требаше да се одржи на 9 јули се одложи поради повреда на Фјури.

Британецот Фјури минатиот ноември му го нанесе првиот пораз на Владимир Кличко по 11 години по што ги освои шампионските појаси во четирите верзии (WBA, WBO, IBO и IBF) но оваа последната му беше одземена на Фјури бидејќи се реши на меч со Кличко наместо да боксува против првиот (задолжителен) предизвикувач Вјачеслав Глазков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ