Парите од хуманитарната изложба за настраданите во поплавите вложени во апарати за домаќинство, огрев и градежен материјал

Од:

Неколку дена по катастрофалните поплави во Скопје, над 100 македонски уметници организирани од уметникот Владимир Лукаш и кураторката Маја Чанкуловска, преку социјалните мрежи ја започнаа иницијативата за хуманитарната изложба во Концепт 37, каде само првата вечер, за 4 часа, биле собрани околу 3000 евра.

Продажната изложба продолжи и во наредните денови и биле собрани повеќе од 5 000 евра.

Уште за време на изложбата, уметниците се договориле дека собраните пари нема да бидат уплатени на сметката на Црвен Крст, туку дека преку информации од терен ќе бидат одбрани неколку семејства на кои ќе им се помогне.

– Најпрво издвоивме пари за трошоци за транспорт на шут за ден и половина, а потоа започнавме со набавки. Преку теренска посета на семејствата во поплавените региони Стајковци, Ченто и Илинден одбравме 5 семејства за кои од оправдани причини нема јавно да споделам информации, но доколку некој сака да дознае и конкретно да провери може да му дадам податоци, вели Ненад Тонкин, еден од уметниците што им помагаа на настраданите на терен.

Со парите од продадените уметнички дела биле набавени три фрижидери, два шпорети, правосмукалка, еден телевизор и два лаптоп компјутери.

– Нарачани се 6 кубика дрва за огрев за едно семејство кои за околу 5 дена треба да стигнат, платено е менување на прозори кое треба во текот на оваа недела да се реализира, набавени се греди, цемент и други материјали за изградба на шупа, која вчера со татко ми почнавме да ја градиме, а ќе ја завршиме деновиве, доколку престане да врне, а следат внатрешни интервенции на под и ѕидови во една куќа во Ченто на ул.Кавадарска, вели Тонкин.
Тој вели дека за сите овие донации и акции има соодветни документи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица