Десетици луѓе загинаа во судирите источно од Сана во последните 24 часа, соопштија јеменски воени и медицински извори.
Борбите се водат за контрола врз планинскиот град Сарва меѓи силите на меѓународно признаената Влада и шиитските бунтовници Хути.
Јеменските владини сили се обидуваат да го заземат Сарва, со цел да се отвори пат кон Сана, која е под контрола на Хутите од 2014 година.
Судирите се интензивираа откако минатиот месец пропаднаа мировните преговори под покртовителство на Обединети нации.