Заид Хусеин: Земан е популист и користи методи како ИД

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека изјавата на Високиот комесар на ОН за човекови права Заид Хусеин кој го нарече популист и демагог е непристојна и не одговара на неговата функција, изјави денеска портпаролот на Земан Јиржи Овчачек.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Овчачек повтори дека Земан ,,се подготвува да ја брани Чешка пред опасниот тероризам со кого е споеана миграцијата”.

Тој рече дека Хусеин, кој како популистичка ја означи и политиката на американскиот републикански кандидат Доналд Трамп се меша во актуелната американска претседателска кампања.

– Мислам дека заслужува единствено осудување и мислам дека ќе го осуди чешката јавност. Изјавата е непристојна и не одговара на неговата функција рече Овчачек.

Хусеин, за Милош Земан заедно со холандскиот политичар Герт Вилдерс, Доналд Трамп и словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека имаат имаат заеднички карактеристики, како што се на џихадистичката прганизација Исламска држава.

– Постапката е едноставна. И така веќе нервозните луѓе можете да ги исплашите и со посредство на лаги за другите и ќе ги убедите дека за се е крива една група на луѓе. После на својата публика ќе и олесните со тоа што ќе и го понудите она што за некои е сон, а за некои страшна неправда. Многу пати повторуваната невистина ќе се претвори во омраза, изјави Хусеин на неговиот говор во Хаг каде учествуваше на Конференција и каде тој за ИД ја употреби арапската кратенка ДАИШ.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница