Ова интересна дрвена куќа е сместена во италијанската населба Селва дио Вал Гарден. Куќата со чуден архитектонски стил се наоѓа на 1.563 метри надморска висина во близина на планината Доломити.
Целокупната конструкција претставува модернистичка архитектура со чисти линии, но содржи и ехо од архитектонската традиција која користи локални материјали, како што се каменот и дрвото. Главната цел на проектот е суптилно вклопување на куќата со природниот алпски пејзаж што ја опкружува.
Поради стрмниот терен објектот има четири ката, а првите две нивоа се наоѓаат под ниво на земјиштето.
Куќата на своите станари им нуди три одвоени простори и голема гаража опремена со лифт кој има пристап до подземниот паркинг простор.
Поткровјето има прозорци од подот до таванот.
Куќата е изградена по највисоки стандарди за енергетска ефикасност и од еколошки самоодржливи материјали.