Куќата од 120 метри квадратни се наоѓа во колумбискиот град Ретиро.
Таа е сместена на врвот на североисточната страна на брдото во долината Абура.
Куќата е изградена на многу стрмен терен, поради што објектот е поставен на голем и армиран бетонски столб.
Целокупниот дизајн на куќата наликува на зголемена верзија на куќичка за птици, опкружена со бујна вегетација.
Пристапот до куќата е овозможен преку големата природна тераса и преку долгиот и тесен мост, кој воедно е и балкон кој ја продолжува нејзината структура кон шумата.