Делавекурас одби да одговори дали Грција повторно ќе ја блокира Македонија да добие датум

Од:

Советот на министри на ЕУ постојано едногласно ја истакнува потребата да се реши прашањето за името на што Грција работи систематски, изјави денеска портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас, дали Грција повторно ќе ја блокира Македонија за да добие датум за почеток на пристапни преговори.

Избегнувајќи директен одговор, грчкиот функционер продолжи со веќе видената реторика дека „Грција е конструктивна, сака напредок, сака до реши ова прашање“ со цел подобрување на билатералните односи и регионалната безбедност и европската перспектива на целото соседство.

Делавекурас повторно го спомена меморандумот за разбирање „кој ја покажува инцијатива на Грција“ и додаде дека особен принцип за процесот на проширување на Европската унија е исполнување на сите услови за членство кои се едногласно одобрени од Унијата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он