Натпревари за софтверски решенија за подобрување на јавниот превоз

Од:

„Паметна автобуска постојка“ и „Скопски автобуски хакатон“ се двата натпревара организирани во насока на промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката меѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот и промоција на лабораториите во високо-образовните институции.

Натпреварите ги организираат Фондот за иновации и Технолошки развој, Министерството за образование и наука, Град Скопје и ЈСП Скопје.

Натпреварите, како што соопштија од Фондот за иновации, се отворени за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат познавања во областа на развојот и дизајнот на идејни софтверски решенија и сакаат да се вклучат во креирањето и воведувањето на иновации во јавниот сектор, а со цел подобрување на јавните услуги.

Аплицирањето за натпреварите е електронски и трае до 15 октомври годинава.

„Автобускиот хакатон“ е софтверско решение за оптимизација на автобуски линии, во насока за зголемување на задоволството од користењето јавен градски транспорт.

Сите заинтересирани учесници ќе изработуваат иновативно софтверско решение, а со цел оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57.

Во хакатонот може да учествуваат лица, индивидуалци не помлади од 18 години. Понатаму, критериумите за учество ги исполнуваат и тимови од најмалку 2 до најмногу 5 членови, исто така не помлади од 18 години, или сите микро, мали и средни претријатија од сите индустрии и сектори регистрирани како трговски друштва согласно Законот за трговски друштва и регистрирани во Централниот регистар на РМ, кои постојат најмногу 6 години во моментот на аплицирање и кои воведуваат или вовеле иновации во рамки на рамки на своите деловни активности.

Организацијата на натпреварите е поддржана од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство од Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Технолошкиот парк при Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он