Со отворање на изложбата на филмски плакати „25 години филм во независна Македонија“ Кинотека на Македонија во соработка со Агенцијата за филм денеска ќе почне со одбележувањето на 8 Септември и 25-годишнината од македонската независност.
Одбележувањето ќе продолжи утре со три филмски проекции на филмови од најновата македонска продукција. Проекциите на филмовите „Лазар“, „До балчак“ и „Три дена во спептември“ ќе стартуваат во 18 часот за време на белата ноќ и ќе завршат еден час после полноќ на 8 септември.
Влезот во Кинотека на Македонија е бесплатен.