Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.

Со ребалансот, по кој собраниската комисиска расправа почна на 30 август, се предлага обезбедување дополнителни 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените.

Приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 23.119 милион денари, наместо 21.181 милион денари.

Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Зајкова: Да ги заштитиме жените и жртвите на семејно насилство, а не да санираме ненадоместливи штети