Италијанскиот шампион Јувентус ќе им понуди нови договори на Леонардо Бонучи и Паул Дибала со цел да ја отфрли можноста овие фудбалери да го напуштат тимот, откако голем интерес за нив пројавија Манчестер Сити и Барселона.
Како што пренесува „Тутоспорт“, по одличниот летен преоден рок кој го имаше Јувентус, раководството на екипата планира да ги задржи клучните играчи на подолг период, а први на листата се Бонучи и Дибала.
Според најавите, на Бунучи му е понуден нов педгодишен договор вреден пет милиони евра по сезона, со што тој би станал најплатениот дефанзивец во Серија А. Понудата за Дибала е половина милион евра помала.
Инаку, овие двајца фудбалери веќе подолг период се на „мета„ на Манчестер Сити и Барселона. Новиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во неколку наврати изјави дека Бонучи е најдобриот дефанзивец во светот и дека го посакува во својот тим, додека шпанскиот шампион Барселона подолг период го следи настапот на аргентинскиот напаѓач.