(ВИДЕО) Милошев: Приватните фирми во Штип на удар на УЈП

Од:

Сопствениците на фирмиво Штип се жалат дека им се изречени големи казни. Како што велат, арач собира власта на ВМРО-ДПМНЕ како во турско, изјави на прес конференција, Владимир Милошев претседател на ОО СДСМ Штип.

Ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ негативно се одразува на нормалното работење на фирмите. За многу фирми големите казни претставуваат и сериозна закана за нивната егзистенција и егзистенцијата на вработените во овие фирми.

Малиот и средниот бизнис во Штип, едвај преживува.

Дури 98 проценти од стопанските субјекти во Македонија се мали и средни претпријатија. Во нив се вработени 70% од граѓаните и истите учествуваат со 60% во бруто домашниот производ.

По демократската промена на власта, притисоците и рекетирањето на фирмите ќе бидат минато.

Новата, одговорна Влада предводена од СДСМ, ќе воведе опомена пред казна, а казните ќе ги намали на половина.

При првично констатирање на прекршок, ќе се изрекуваат само писмени опомени, а преполовена казна ќе се изрекува само во случај на повторување на одредено прекршување на прописите.

Нема да дозволиме службите за инспекција да ја злоупотребуваат својата положба или да заплашуваат со казни. Казните никогаш нема да се користат како мерка за полнење на буџетот или политички пресметки.

Со промоција на оваа мерка им се обраќаме на сопствениците на приватните фирми и на граѓаните, рече Милошев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков да си поднесе оставка поради хаосот во културата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он