Демократски сојуз: Фер шанса за “Шпион“

Од:

Демократскиот сојуз целосно ја почитува независноста и самостојноста на обвинителството во целина, како и Специјалното јавно обвинителство, но го задржува демократското право да ги коментира одлуките.

СЈО го презеде случајот “ШПИОН” и сигурно за тоа има и правен основ но и цврсти докази и сомненија дека Јавното обвинителство или судот направил повреда на законите или уште полошо работеле под притисок и диктат на Власта.

Доколку е така мора да има повторно судење, секој осомничен во транспарентна постапка да може да ги презентира сите факти и докази, да се преоценат доказите и во целина обвинувањата.

На овој начин има логика Специјалното јавно обвинителство да го застапува обвинението против 18 мината за шпионажа, уцени и др., а да се бара намалување на казните без да се изведат докази за тоа дека казните се одредувани по налог на партијата на власт или моќници од безбедносните служби, тоа е апсурд и нема правна логика и аргументи.

Затоа ДС смета дека на сите против кои се води постапка треба да им се даде шанса преку повторување на судската постапка.

Би можело да ве интересира

Трајанов го поднесе законот за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но со гласање на дијаспората

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Демократски Сојуз: Ветингот на Али Ахмети го спроведуваат САД

Демократски сојуз: Етно-нацинализмот е поттикнат од опозициските партии