Тадиќ е за заеднички опозициски кандидат на претседателските избори во Србија

Од:

Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија, Борис Тадиќ, денеска ја повика опозицијата да се обедини и на претстојните претседателски избори да предложи заеднички кандидат за претседател на Србија.

-Претседателските избори се пресвртница и пресудно се важни за иднината на оваа земја, рече Тадиќ пред почетокот на седницата на Главниот одбор на СДС, оценувајќи дека политичката ситуација во Србија е катастрофална.

Тадиќ додаде дека има повеќе можни претседателски кандидати, но дека тоа не треба да биде „цената“ за обединување на опозицијата, туку политиката која ќе се пласира во јавноста, а тоа е политиката која треба да ги решава проблемите на граѓаните како што се невработеноста, ниското ниво на странски инвестиции, структурните проблеми во домените на здравство и образование.

Тој вели дека предлагал обединување на опозицијата и на претходните парламентарни избори и тврди дека, да дојдеше до тоа, Србија денеска ќе имаше многу подобри резултати.

Би можело да ве интересира

Тадиќ: Прес-конференцијата на Вучиќ е кулминација на бизарноста и на политичката патологија

Борис Тадиќ е позитивен на коронавирус

Тадиќ: Фаланга од регионални популисти преку глувчешки канали го пренесоа Груевски

Наум Локоски

Тадиќ ќе ја посети Австрија

Емир Латифовиќ