Тадиќ: Прес-конференцијата на Вучиќ е кулминација на бизарноста и на политичката патологија

Од:

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ оцени денеска дека саботната прес-конференцијата на претседателот Александар Вучиќ, на која беа прикажани масакрирани тела, е кулминација на „бизарноста и политичката патологија во која е втурната Србија по 2012 година“.

-Покажувањето на масакрирани тела, со што се кршат човековите права и на самите жртви и на нивните семејства е нешто што не може да се замисли во ниту една нормална земја, изјави Тадиќ за „Данас“.

Според него, „криминалната група на Беливук (Веља Невоља), која всушност е откината тепачка фаланга на Српската напредна партија (СНС), отворено ги киднапираше и злоставуваше своите криминални ривали, а претседателот на државата и неговите најблиски соработници како и премиерката Ана Брнабиќ, со прст не мрднаа, ниту се огласија по тој повод “.

-Во која било нормална земја, сите тие, како челници на оваа земја, ќе мораа веднаш да си дадат оставка, наместо да се пофалат дека се наоѓаат во борбата против организираниот криминал, а всушност се работи само за пресметка во нивните редови, изјави Тадиќ.

Како што истакна, сликите што ги покажа Вучиќ „не се само слики на злосторства извршени од криминални групи, туку и слики на Србија под власта на Вучиќ“.

Од иницијативата „Да не го давиме Белград“ оценија дека случајот со организираната криминална група на Вељко Беливук во голема мера претставува судир во рамките на владејачката СНС и нејзината олигархија.

Од оваа опозициска иницијатива наведоа дека криминалните кланови против кои денес се бори државата се „создадени, развиени и зајакнати за време на владеењето на Александар Вучиќ и СНС, при што истата таа власт покажала разбирање кон нив, не успевајќи да ги казни дури и кога се снимаа додека до смрт претепуваа други луѓе, со нив делеа исти ложи на стадионите, и им дозволуваа на своите деца да се дружат со нив“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора наскоро ќе можат да се вакцинираат во Србија

Ана Ололовска

Вучиќ не е сигурен дали ќе се кандидира за нов мандат, тврди дека „голема сила“ бара повлекување на УНМИК и на КФОР

Ана Ололовска

Брнабиќ смета дека Преспанскиот договор е добар модел за решение меѓу Србија и Косово

Жарко Настоски

Брнабиќ на средбата со Мицотакис го истакнала значењето на брзата пруга Белград-С. Македонија

Ана Ололовска

Брнабиќ: Србија и Грција ќе потпишат договор за укинување на роамингот

Ана Ололовска

Вучиќ: Една голема сила ќе побара повлекување на КФОР и УНМИК од Косово

Ана Ололовска