(ВИДЕО) Димитриев: Очекувам соработка од министрите, крајно време е да има избори и политичка влада

Од:

Жестока расправа се одвиваше во Собранието за избор на министри и дополнителни заменици министри согласно договорот од Пржино. Премиерот Димитриев кажа дека се надева дека овојпат ќе се дојде до изборите, бидејќи за кус период се формира влада за таа цел. Тој кажа дека очекува соработка и посветена работа од страна на министрите и дополнителните заменици министри, бидејќи минатиот пат тоа не се случило.

– Очекувам да покажеме лидерство во сите институции и крајно време е Македонија да има избори и нова политичка влада. И овие сто дена државата мора да функционира и мораме да бидеме посветени на економијата и на отворањето работни места, рече премиерот Димитриев.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вчерашниот централен одбор одлучи да ги врати истите кадри за министри и дополнителни заменици министри во владата. Оливер Спасовски повторно е министер за внатрешни работи, Фросина Ременски за труд и социјална политика, дополнителен заменик министер за финансии е Кире Наумов, Александар Кирацовски за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски