(ВИДЕО) Судењето на Божиновски одложено, новинарите бараат случајот да го преземе СЈО

Од:

Дојдени сме денеска пред судот во Скопје, да ја изразиме нашата солидарност со новинарот Зоран Божиновски, кој веќе три години е изложен на судски прогон поради неговата работа како новинар. Ги потсетувам судиите дека Македонија е втора земја во Европа каде има новинар во затвор. Прво беше осуден Томислав Кежаровски, сега Зоран Божиновски, гласно се прашуваме кој ќе биде следниот, рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на протестот за ослободување на Божиновски, чие судење денеска беше одложено.

– Во земја каде новинари се затвораат, таму е заробена и слободата на говорот и слободата на медиумите. Таквите судски постапки имаат за цел да ги казнуваат непослушните новинари и да ги дисциплинираат и застрашуваат останатите. Не сме тука да вршиме притисок на судот и да кажеме какви пресуди треба да донесат. Тука сме да го кренеме гласот против неправдата. Божиновски уште несуден помина веќе две години во затвор, од кои 18 месеци во екстрадиционен притвор во Србија и уште четири месеци во Македонија. Судиите што одбиваат да изрекуваат пртивор за политичари осомничени за рушење на демократскиот поредок на земјата, а лесно притвораат новинари, немаат право да се затскријат зад начелото за независноста на судството. Бараме Божиновски веднаш да се пушти од притвор и да му се овозможи како некои поранешни функционери да се брани од слобода. Ако не постои опасност политичари осомничени за тешки дела да ја напуштат земјата, тогаш уште помала е веројатноста дека новинар ќе ја избегне правдата, рече Селмани.

Новинарите кои протестираа побараа случајот на Божиновски да биде предаден на СЈО, затоа што нивната надлежност над овој случај е неспорна.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција