ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека граѓаните од подрачјата погодени од поплавите, не треба да ги плаќаат сметките за потрошена вода кои ќе ги добијат, а се однесуваат за месецвите август, септември и октомври 2016 година.
– Тоа е во согласност со пакетот мерки на Владата на Република Македонија, кои се наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите, кои го зафатија скопскиот регион. Управниот одбор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, донесе одлука со која е уредено ослободувањето на корисниците од плаќање за потрошена вода од кризните региони, зафатени од поплавата од 6 август. Одлуката има согласност и од Советот на град Скопје, стои во соопштението.