Како да се дојде до „друга Земја” и дали на неа воопшто има живот?

Од:

24 сата – Загреб

Иако температурата е поволна за задржување на вода, многу други фактори влијаат на настанување на живот на една планета. Без оглед на тоа што Проксима ни е блиску, тоа се уште е екстремна далечина за луѓето.

Откритието на Проксима б, планета во орбитата на нашата најблиска ѕвезда, многумина го нарекоа едно од најголемите откритија во светот на науката во изминатите децении.

Тоа е сосема разбирливо, со оглед на тоа дека се работи за планета која може да има и услови за живот, а доволно е блиску да можеме да фантазираме за тоа дека на неа еден ден ќе стапне човечка нога.

Проксима така воедно би станала главен кандидат за прва меѓуѕвездена мисија во која ќе појдат некои идни генерации на астронаути, а состојбата која претходно беше резервирана само за книгите на научна фантастика и видео игрите, нагло доби далеку пореален тон.

Сепак, иако Проксима б на Земјата и е најблиска ѕвезда и понатаму станува збор за екстремна далечина од 4,2 светлосни години кои се околу 40 билиони километри.

За споредба, вселенскиот брод Јунона неодамна стигна до Јупитер движејќи се со брзина од 265.000 км на час, а ако продолжи со таа брзина и кон Проксима, ќе му требаат околу 17.000 години да ја постигне целта.

Притоа треба да се истакне дека се работи за мали сонди, додека забрзувањето на бродот кој би можел да носи луѓе е сосема поинаква приказна која се уште не е решена.

Пред неколку месеци претставен е проект на милијардерот Јуриј Милнер, со кој според Проксима Кентаури сака да прати мали вселенски бродови кои во теоријата би можеле да достигнат забрзување до 20 отсто од брзината на светлината, т.е. некои 215.85 милиони километри на час.

На тој начин човештвото до Проксима би дошло за 20 до 25 години. Самата реализација на проектот би можела да трае со години, а во основа се работи за мали бродови кои летаат на соларни јадра.

Предизвиците за проектот се огромни, а вклучуваат намалување на инструментите, камерите, сензорите и друга опрема која треба да биде на чип кој ќе полета кон длабоката вселена, но и самиот развој на соларното јадро кое ќе биде доволно издржливо во случај на удар од ласери. Групата која го води овој проект се состана неодамна со план да ирабти прв прототип на својот систем, но нејзините членови истакнаа дека за изработката на вселенскиот брод во реална големина ќе бидат потребни барем 20 години.

Но и самите податоци оставаат простор за оптимизам дека за нашите животи или пред крајот на векот че ги видиме првите фотографии од планета во друг сончев систем.

За навистина да се стигне до таму, човештвото ќе мора да измисли нова технологија која се развива и планира, но можно е и октритието на оваа планета да го поттикне и да го забрза развојот на некои решенија.

Многу работи се уште не знаеме за Проксима б

Научниците од Европската јужна опсерваторија објавија дека карпестата планета има маса 1,3 пати поголема од Земјината и дека орбитата околу нејзината ѕвезда (црвено џуџе) трае 11,2 дена. Од самата ѕвезда е оддалечена околу 7 милиони километри, што е 5 отсто од далечината меѓу Земјата и Сонцето.

Но, податокот кој научниците најмногу ги заинтригира е тој дека нејзината температура е поволна за задржување на вода на површината.

Иако планетата е поблиска до ѕвездата од вжештениот Меркур до нашето Сонце, таа ѕвезда е многу потемна, па со самото тоа и зона поволна за живот многу поблиска до ѕвездата.

Сепак, иако температурата е поволна за задржување на вода, многу други фактори можат оваа планета да ја направат уште една карпа без живот во вселената.

Проксима б би можела да има „заклучена” орбита, т.е. само една страна да биде постојано свртена кон сонцето и неговата топлина, а другата да биде целосно ладна. При таква ситуација и понатаму на граничните подрачја меѓу вечниот ден и темницата би можело да има вода.

Бидејќи се работи за активна ѕвезда, нејзиното зрачење може да има разорно влијание на планетата, а се уште не знаеме дали нејзината површина има заштитен слој од атмосферата.

За да настане живот на некоја планета (или на Месечината) треба да се задоволат многу услови. Планетата мора да биде во зона во која температурата ќе биде доволна за да се задржи водата во течна состојба. На планетатамора да бидата присутни и соодветни хемиски услови кои ќе поттикнат настанок на живот, а еден од најверојатните елементи кој е потребен е јаглеродот поради големиот број на хемиски врски кои може да ги формира.

Уште еден клучен фактор може да биде и присуството на големи планети како Јупитер во ѕвездениот систем. Поради својатамаса таа планета би привлекувала астероиди, комети и други тела, а благодарение на тоа би била поштедена планетата на која би можела да се развива живот. За разлика од Венера и Марс, Земјата е планета со активна тектоника и кората постојано се рециклира и на тој начин се регулира нивото на CO2.

Нови телескопи за најдобро набљудување

Ова откритие ќе означи и почеток на нов бран на истражување на Проксима б.

Денешните телескопи во вселената ќе ги насочат своите очи кон овој систем за да можат подетално да ја измерат планетата, да откријат дали има атмосфера и многу други информации.

Но, идните телескопи кои чекаат на лансирање како европскиот ELT телескоп или телескопот Џејмс Веб, исто така треба да ја стават Проксима б во фокусот на потрагата за траги на живот во вселената.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ