Сите пластични шишиња што можат да се видат по улиците, како и пластичниот отпад од океаните, сега можат да добијат нова и тоа многу добра и исплатлива улога.
Новозеландската компанија „ByFusion“ се обидува пластичниот отпад да го претвори во нешто корисно односно да создаде градежни блокови. Нивните градежни блокови многу поедноставно се прават од бетонските, имаат помало влијание на природното опкружување и помал карбонски отисок. За нив не е потребно лепило и претставуваат исклучително силни изолатори, па се погодни за сите видови природно опкружување.
Таквите блокови за изградба на куќа би биле многу поефтина варијанта од регуларните бетонски блокови, бидејќи не мора да се купува материјал.
Во скоро време нама да видиме рециклирана пластика да се користи за изградба на домови, бидејќи се уште не е утврдени колку блоковите од рециклирана пластика можат да поднесат тежина во однос на другите материјали.