Турскиот пограничен град Килис денеска бил погоден од три ракети од Сирија, при што биле повредени пет деца на возраст меѓу осум и 12 години.
Најмалку едно од повредените деца се наоѓа во критична состојба.
Една од ракетите погодила ѕид од една куќа во Килис, а другите две паднале на празна полјана.
Воени извори тврдат дека турските сили веднаш одговориле на ракетниот напад, гаѓајќи цели преку границата.