ВМРО-ДПМНЕ: Спроведовме многу реформи, затоа граѓаните го држат СДСМ подалеку од власта

Од:

СДСМ е во очај пред сигурниот пораз на претстојните избори. Затоа на Бихаќка ги активираат Фабриките за афери под полна пареа. Безидејноста на СДСМ резултира со нивните катастрофални попусти обиди сто пати да кажат лага и таа да стане вистина. Лагите не стануваат вистина, дури и СДСМ да ги повторува по илјада пати, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ.

„Вистината е дека образованието беше тотално занемарено во времето на СДСМ, а грижата за социјално ранливите категории не постоеше.

Вистината е дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година спроведе низа реформи и голем број проекти како во образованието, така и околу грижата за социјално ранливите категории.

Воведено е задолжително и бесплатно образование до 18 годишна возраст, период во кој учениците добиваат бесплатни учебници, а дополнително се обезбедува бесплатен превоз за оние ученици кои живеат на одалеченост повеќе од 2.5 км од училиштето во кое учат.

Од 2006 до 2016 ја зголеми социјалната парична помош за 69,8%, а постојаната парична помош за 68,5%
Издвоени се речиси 7 милиони евра за финансиска подршка на средношколците од семејства во социјален ризик во минатите 6 години.

Се спроведе отпис на долгови на над 14.800 граѓани. Отпишан долг беше во износ од 1.798.493.393 денари
Субвенционирана е потрошувачката на енергија за секое семејство корисник на социјална помош во висина од 900 денари месечно. Корисници на социјална парична помош се ослободени од плаќање радиодифузна такса за семејства. Зголемен е износот на посебен додаток за самохрани родители на дете со пречки во развојот за 50%, посебниот додаток за материјално необезбедени родители на деца со пречки во развојот за 25%.

Воведено е правото на парична помош за студирање во 2011 година за лицата кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа, а притоа се редовни или вонредни студенти и тоа во износ од 9.000 денари доколку користи право на домување или 18.000 денари доколку не користи право на домување. Во 2013 година овој надоместок се зголеми на 12.000 денари доколку се корисници на социјален стан под закуп или 24.000 денари, доколку не се корисници на социјален стан по закуп.

Ова се само дел од проектите кои ги спроведе владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа е нервозата во СДСМ. Соочени со сопствените неуспеси, немање резултати и безидејноста, единствено се фокусираат на некрофилија, деструктивност, фабрикации и измислици.

Токму затоа веќе 11 години граѓаните го држат СДСМ што подалеку од власта. Казната од народот следува 10-ти пат по ред. Се што треба е СДСМ конечно да се охрабри, да престане да бега безглаво од избори и да се соочи со казната од граѓаните. Од тоа за СДСМ бегање нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања