Собранието не ги прифати измените и дополнувањата на Законот за јавен долг

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 114. седница не го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, поднесен од пратеникот Павле Трајанов.

Законот предвидува секој долг што ќе го направи Владата преку издавање хартии од вредност над 100 милиони евра, да добие ратификација од Собранието.

– Целта на законот е да се воспостави систем преку кој Собранието ќе има контрола врз задолжувањето или практично, отворање расправа за задолжувањето, поголема транспарентост при задолжувањето на државата и јакнење на одговорноста за сите што се вклучени во одлучувањето за задолжувањето, истакна Трајанов, додавајќи дека сега во Македонија нема кој да го блокира задолжувањето и неговото зголемување, ниту има инструмент за контрола.

Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека со овој закон воопшто не се подобрува транспарентноста, ниту може да се реши висината на задолжувањето од која било влада зашто со него се тангира само надворешниот пазар. Тој додаде дека вистинското решение би било да се донесе уставен амандман за ограничување на јавниот долг на 60 отсто од БДП, како и на буџетскиот дефицит, тој да не надминува три отсто.

Според Мукоски, Македонија моментно е умерено задолжена, со 50 до 51 отсто, и спаѓа во десетте најмалку задолжени во Европа.

И Владанка Авировиќ од СПМ не даде поддршка, квалификувајќи го законското решение како нецелосно и несоодветно.

Трајанов реплицираше со податок дека во Австрија, Чешка и Молдавија за секое задолжување одлучува Парламентот.

Марјанчо Николов рече дека СДСМ ќе го поддржи законот откако констатира дека секој обид да се добие увид во јавниот долг, завршува неупешно зашто власта, како што рече, не сака граѓаните да знаат на што ги троши јавните пари.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ го потврди тврдењето на Николов дека јавниот долг е 46 отсто од БДП, но тој долг, подвлече, е многу помал во споредба со многу економски посилни земји како Германија, Јапонија и Исланд.

Собранието на денешната седница со 47 гласови „за“ и 23 „против“, по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања