Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со 47 гласови „за“ и 23 „против“, по скратена постапка го изгласаа Законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите. Во случај на кризна состојба, без собраниска дебата и гласање во Законодавниот дом. Владата сама ќе одлучува за префрлање пари меѓу министерствата и другите државни органи до 5 отсто од постојните буџетски резерви.
Опозицијата беше против ваквото решение со образложение дека овозможува директно нарушување на уставниот поредок и навлегување на Владата во надлежностите на Собранието.
Според СДСМ и НСДП, Законот воопшто не дефинира, ниту прецизира како ќе се трошат прераспределните пари во случај на кризна состојба, што отвора простор за нивна злоуотреба.