Лименки, шишиња, чаши од кафе, сокови, опушоци, хартиени марамчиња, весници, расфрлени , го „красат“ патот Стража-Гостивар.
Овие фотографии до редакцијата на А1 он ги испрати наш читател, револтиран од купот ѓубре.
Прашува зошто се наплатува патарина, зошто се наплатува и при регистрација на возилата за патиштата. Посочува дека само крпењето дупки не е одржување на патиштата.
„Постои Јавно претпријатие Македонија пат-Скопје, Агенција за државни патишта . За што се формирани? Зарем не се срамат од оваа глетка и од смрадот кој се шири од мини депонииве? Со ваков смет по патиштата ли ќе одиме во Европа?“, реагира граѓанинот.